Илјадници луѓе останаа заробени во своите домови во Австрија поради обилните снежни врнежи. Многу од нив се целосно отсечени од остатокот од земјата, а досега, неколку лавини ширум земјата однесоа осум човечки животи. Повеќе од 40 градови во неколку покраини се отсечени од остатокот од Австрија и до голем број граѓани наделжните служби не можат да стигнат. Неколку области во земајта се прогласени за кризни зони. Повеќе од 1.200 војници се вклучени во спасувачките акции и ослободување на граѓаните од градовите кои целосно се под снег. Властите во четири покраини прогласија и највисоко, односно петто ниво на опасност од снежни одрони. Речиси секојдневно се објавуваат вести за жртви од лавини и досега во снежните одрони осум лица го загубија животот.