Имајќи предвид дека и принцот Хари се ожени, на британскиот трон останаа уште неколку ергени, а еден од нив е младиот Артур Чато, внук на британската принцеза Маргарет, сестра на кралицата Елизабета.
Артур Роберт Натанијел Чато е постариот син на леди Сара Чато и Даниел Чато и е 25. во редот за британската круна.
Иако јавноста не го знае многу, 19-годишниот Чато ги освои социјалните мрежи на кои открива многу повеќе од кој било член на монархијата.
Младиот наследник, кој е многу веројатно дека никогаш нема да седне на престолот, често објавува разголени фотографии, а екстремните спортови му се голема страст.