Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорите на ЈП „Стипион 2011″ и ЈП „Исар” извршија увид во проодноста на улиците и тротоарите од прв и втор приоритет. Јавните претпријатија работат на расчистување на улиците и тротоарите со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.
„Ја информираме јавноста за тоа како се справуваме со овие снежни наноси кошто ги има повеќе од 24 часа. Јавните претпријатија работат со целата своја механизација и веќе сите улици од прва и втора категорија се проодни. Искористени се над 180 тони абразивен материјал и градот ни е прооден во делот на улиците од прва и втора категорија. ЈП „Исар” дополнително со над 90 луѓе работи на расчистување на јавно прометните површини, на плоштадот и на тротоарите,” информираше градоначалникот Бочварски.
Општина Штип испраќа апел до граѓаните да ги исчистат дворовите пред своите домови и објекти. Надлежните служби ќе продолжат будно да ја следат оваа ситуација.