Сите пратеници да се издигнат над партиските интереси за конечно Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Антизападниот Мицкоски се приклучи на протестите против НАТО и ЕУ на Јанко Бачев, и со тоа се докажуваат кој е поголем противник на македонската интеграција во НАТО и ЕУ, изјави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
Мицкоски работи против членството во НАТО и ЕУ, против врвните национални и државни интереси. Станува збор за два различни концепти. Од една страна се Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Ние, и мнозинството граѓани, сакаме Македонија да оди напред, да биде во ЕУ и НАТО“, изјави Костадинов.
Портпаролот на СДСМ додава „нивната антизападна агенда не поминува и тоа јасно се гледа преку слабата поддршка на антизападните протести овде, пред Собранието. Немаат поддршка дури ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“.
Костадинов посочи дека граѓаните и пратениците знаат дека Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа.