Град Скопје и ЈП Улици и патишта интензивно го расчистуваат снегот
Екипите на ЈП Улици и патишта на Град Скопје вечерва работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.