Дека Кина станува веле сила во економијата потврдува и најновиот показател дека дури 30 кинески марки се во највлијателните 500 во светот. Меѓу нив се и фирми од информатичка технологија но и телекомуникациски гиганти и банки.
Истражувањето е направено од консултанската куќа World Brand Lab која беше публикувана по новогодишните празници. На списокот се 500 највлијатени брендови и фирми во светот. За прв пат вакво истражување имаше во 2004 година а критериуми по кои се испитува се пазарен удел, лојалност кон трговската марка и глобалното лидерство. Меѓу највлијателние кинески марки се China National Petroleum Corporation (CNPC), Lenovo, Alibaba, China Mobile, China Central Television, Huawei, Industrial and Commercial Bank of China (ICBC), Haier, Tencent.
Најдобра меѓу нив е Државната електро-мрежна корпорација на Кина.