Премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната изјава на Христијан Мицкоски и ставот кон Договорот кажа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од една страна пред меѓународните претставници им кажува дека е конструктивен и дека е за ЕУ и НАТО, но од она што вчера го кажа кога не повика на протест, туку на отпор, сос што ја покажа патеката по која неговите поддржувачи треба да одат, е да се приклучат на протестите.
-Дали тоа значи дека ќе прават нов 27 април. Тоа сигурни нема да го дозволиме. Што и да прават тие нанесуваат само штета на Македонија. Кога човек нема став тоа е штетно и за најмала политичка партија, а за големите партии е катастрофално. Тој влегува од еден проблем во друг, но најлошото е што тие проблеми стануваат проблеми на државата. Непријатно е чувството од тоа што тој го продуцира – пратеници да поминуваат низ одредена драматургија. Секоја закана и ширење на омраза, секоја недозволена активност на кој било граѓанин очекувам МВР да ја санкционира согласно закон. Луѓето кои веруваат во Договорот и иднината на Македонијуа минуваат низ пекол и тоа е продуцирано од г-н. Мицкоски и неговата партија. Не само што не и помага на Македонија, туку прави несогледливи последици и остава трага во нашето општетство, рече Заев на прес – конференцијата по промоцијата на сертификатот за првиот овластен економски оператор.
Заев изјави дека не очекувал таква неодговорност, но оти секој на крајот ќе треба да си ја понесе својата одговорност.
-Силна опозиција треба да значи и одговорност за државата, а овде тоа го нема, оценува премиерот Зоран Заев.