Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на посетата на Пекинг вети дека неговата втора средба со претседателот на САД, Доналд Трамп ќе доведе до „резултати” што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница.
Кинескиот претседател Си Џинпинг апелираше до Северна Кореја и до САД да „направат чекор едни кон други”, додавајќи дека има „ретка историска можност” за политичко решение на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.
Ким до вчера беше во дводнева посета на Кина, четврта по ред во последната година.
Кина е важен дипломатски фактор во преговорите за нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг, со оглед на тоа што Пекинг е главен сојузник и трговски партнер на Северна Кореја.