Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го почнува својот втор мандат, покрај меѓународните критики дека неговиот избор е незаконски и дека уште повеќе ќе ја изолира оваа јужноамериканска земја која е обременета од голема економска криза.
Мадуро победи на изборите минатата година и покрај економскиот хаос, а голем удел во неговата победа имаше фактот што опозицијата го бојкотираше гласањето, наведе „Ројтерс“.
Додека опозицијата тврди дека денешната инаугурација ќе биде момент кога Мадуро во светот ќе биде окарактеризиран како диктатор, претседателот на Венецуела вели дека тие се обидуваат да го претворат полагањето на заклетва во светска војна.
„Нека врне дожд, нека удираат молњи и громови, ние секако ќе триумфираме“, рече Мадуро вчера