Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа.
Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи на собири за поддршка и преку социјални мрежи.
Опозицијата смета дека инаугурацијата денеска е момент во кој Мадуро ќе биде обележан меѓународно како диктатор по бојкотираните избори во минатата година за кои меѓународната заедница ги нарече фарса.
Но, непрекинатата поддршка од армијата, разбиената опозиција и немилосрдното уништување критики од опозицијата, значат дека Мадуро ќе се соочи со неколку сериозни предизвици во државата.
Церемонијата на која ќе му биде доделен мандатот е закажана за 10 часот по локално време.
Триумфот на Мадуро не е како ониј на неговиот претходник Хуго Чавес кој користеше приходи од нафта да ја преплави Венецуела со странски стоки додека истовремено субвенционираше храна и лекови.
Инфлацијата денес е речиси два милиони отсто, месечната минимална плата е доволна само за едно пакување јајца.
Од 2015 година околу три милиони жители на Венецуела емигрираа од државата за да се спасат од болести и глад, објавија ОН.