Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека би сакал антимигрантските партии да остварат мнозинство на изборите за Европскиот Парламент закажани за мај годинава.
Според него, тоа би довело до слични промени и во извршната власт во Европската Унија.
„Прва цел на Унгарија е да обезбеди антимигрантско мнозинство во ЕП, потоа во Европската комисија и потоа, како што на националните избори би се менувал политичкиот пејзаж на континетот, и во Европскиот Совет, каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во име на ЕУ“, рече Орбан.