Стотици вработени во американста Федерална администрација денеска одржаа протестен марш во Вашингтон, барајќи исплата на нивните плати и враќање на работните места.
Маршот, во услови на исклучително студено време, почна пред седиштето на синдикатот на вработените во државните институции, а заврши пред Белата куќа,
Учесниците на маршот скандираа „си ги сакаме нашите плати” и „сакаме да работиме”, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство од блокадата на државните институции во САД до кои дојде поради спорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократите во Конгресот околу финансирањето на изградбата на ѕидот на границата кон Мексико.
Трамп инсистира од Буџетот на САД да се издвојат 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот, на што се противат демократите. Поради овој спор, Конгресот не успеа да го донесе Буџетот за оваа година, па веќе 20 дена делумно не работат федералните институции и на околу 800.000 вработените не им се исплатени платите.
Меѓу транспарентите што ги носеа учесниците на денешниот протест беа и „Трамп, прекини ја блокадата” и „Пуштете ме да ја работам мојата работа”.