Едно од најголемите засилувања на Челси минатото лето, Бразилецот со италијански пасош Жоргињо, се најде на удар на навивачите на лондонскиот клуб.
Имено, англиските медиуми објавија статистика која што може да се каже дека е поразителна за главниот креативец во средниот ред на екипата на Маурицио Сари. Жоргињо веќе долго време е без асистенција и според многумина, тој само бесмислено ја додава топката.
Жоргињо направил дури 1,896 точни додавања, а неверојатно звучи тоа што нема направено асистенција.
Тој имал 180 точни додавања против Вест Хем, дуел кој заврши со 0:0, па поради тоа многумина сметаат дека ова е фудбалерот за врска со најмала ефикасност во Премиер лигата.