Стоп за уништувањето на Попова Шапка, повикуваат граѓанските здруженија кои за во сабота најавуваат протест.
,,Во сабота (12 jануари 2019) со почеток во 11, ве покануваме да протестираме сите заедно кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци!
Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка. Да ја спасиме Попова Шапка”, се вели во повикот за протест.