Татко пријавил во полиција дека исчезнала неговата 18-годишна ќерка. Според полицијата, вчера во 22 часот во Полициската станица Чаир Т.Т.(50) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Ј.Т.(18). Се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.