Жена (46) од областа на Кремс во Долна Австрија е осомничена дека ја снимала својата ќерка (13) и порнографските снимки му ги испраќала на својот љубовник.
Мажот и жената се во истражен затвор.
Мајката притоа работела како учителка и во меѓу време добила отказ.
Во државното обвинителство велат дека истрагата уште трае и дека не можат да ги откријат деталите на случајот. Постои сомнеж и за други кривични дела, а полицијата го испитувала мажот и претходно.