Поранешниот американски модел Џери Хол (62) и нејзиниот сопруг, 25-години постариот австралиски медиумски магнат Руперт Мардок (87), летуваат на Барбадос, а фотографите ги фатија во незгодна положба во одреден момент. Како што известува „Дејли мејл”, Мардок неспретно се лизнал додека излегувал од морето, а Џери му помогна да стигне до брегот. Тој брзо закрепна од падот, и двојката продолжи да се дружи на плажата.
На Џери Хол ова не и е прв брак. Пред него, таа беше 22 години со легендарниот фронтмен на „Ролингстоунси“, Мик Џегер (75), а заедно имаат четири деца – Елизабет (34), Џејмс (33), Џорџија Мај (26) и Габриел Лук (21).
По прекинот, таа го обвини поранешниот партнер дека никогаш не давал пари за своето семејство и дека морала сама да ги плаќа сите трошоци што ги имале. За разлика од неа, Мардок се женеше дури трипати, а од овие бракови има вкупно шест деца