Димитар Бербатов редовно дава интересни изјави во јавноста како амбасадор , но во изминативе неколку часа стана актуелен во Англија со своето последно интервју кое го направи за угледен таблоид.
Легендарниот напаѓач од Бугарија пред извесно време му испрати совет на Оле Гунар Солскјер и му порача дека нема потреба да менува ништо во одбраната, но сега одлучи да испрати една препорака до поважните луѓе, односно до управата на клубот. Бугаринот повторно ја отвори дебатата за тоа кој треба да биде перманентен менаџер на фудбалскиот великан од „Олд Трафорд“, а без оглед на тоа што минаа само пет натпревари, Бербатов тврди дека Солскјер треба да биде вистинскиот избор бидејќи во неговиот фудбалски идентите со совпаѓа со напаѓачката филозофија на Јунајтед.
– Ако Јунајтед продолжи вака, а не гледам зошто не би продолжил, работата мора да биде негова. Солскјер врши фантатсична работа. Без разлика на тоа дали тимот ќе заврши во топ четири, прикажаната игра е возбудлива и клубот мора да му ја даде работата нему, – порачува Бербатов кој во продолжение испраќа и едно предупредување.
– Ако не го направи тоа Јунајтед, работа сигурно ќе му даде некој друг клуб од Премиер лигата, а тоа нема да биде добро. Тој си го изгради своето име на само пет натпревари и навистина се радувам за него, – додава Бугаринот.