Одложена седницата за уставни измени, закажана за во 15 часот
Продолжува низата на одложувања на собраниската седница за уставните измени започната уште во средата, откако се уште не е обезбедено двотретинско мнозинство за за гласање.
Првично седницата требаше да започне точно напладне, но во моментов треба да има средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Беса, Билал Касами, во обид да се постигне договор за амандманските барања на партијата.
Се уште нема дефинитивно решение за изнаоѓање техничка формулација во однос на амандманот со државјанството, а претходно министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека тоа повлекува и потребно одобрување од другите парламентарни групи.
Вториот обид да се започне седницата е одложен за во 15 часот попладне. Денешната седница беше таргетирана како последен ден кога ќе бидат изгласани уставните измени пред топката да се префрли во грчкиот парламент на ратификација на Преспанскиот договор.