Романија синоќа официјално го презеде претседавањето со Европската Унија од Австрија која претседаваше во претходните шест месеци.
Свечената церемонија се одржа во Букурешт во присуство на највисоки домашни политички претставници и сојузници на Унијата. На церемонијата присутвувале и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, претседателот на Романија, Клаус Јоханис, и премиерката Виорица Данчила.
Јоханис рекол дека неговата земја ќе работи за ЕУ да биде единствена и силна, додавајќи дека во моментов најголеми предизвици се брегзитот, миграциите и прашањето за безбедноста.
Јункер рекол дека Романија се наоѓа во самиот центар на Европа и дека ЕУ без Романија не би била целосна.