Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради снег

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, информира Јавното претпријатие „Македонија пат”.

Забрана за сообраќај за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни  коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат” апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на „Македонија пат” се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.  Подетални информации граѓаните можат да добијат на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на веб страница  www.makedonijapat.com.mk

Треба да знаете
Последни објави