Усвојувањето на уставните измени од страна на парламентот во Скопје е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, напиша австрискиот канцелар, Себастијан Курц, на социјалната мрежа „Твитер“.
Тој изрази надеж дека ова создава позитивен импулс во целиот регион коментирајќи дека ЕУ ќе биде комплетна само кога сите земји на Западен Балкан ќе се приклучат.
Adoption of the constitutional changes by parliament in #Skopje today very encouraging and a major step forward in #North–#Macedonia’s #EU accession process.
— Sebastian Kurz (@sebastiankurz) January 11, 2019