Јанушев: Талир уште еден обид за политички притисок за замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени

Фабрикуваното обвинение за случајот Талир кое според информациите во медиумите е прифатено од Кривичниот суд е уште еден обид за груб политички притисок за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на уставните измени за промена на името и идентитетот.

СЈО по директива на власта создава механизми за пазарења, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ за да ги прифати уставните измени, кои за нас по ниту една цена НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ.

Случајот Талир е чиста политичка конструкција, која нема врска со правото, туку со политиката на Заев за уцени и притисоци.

Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните промени се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја критична мисла и сила која се спротивставува на антидржавните политики на СДСМ и Заев, кои одат во спротивност со македонските национални интереси.

Промената на името и договорот со Грција не поминаа на референдум, па сега се обидуваат на секој можен начин да дојдат до пратеник плус за да покажат некаков вештачки легитимитет на она што нема никаков легитимитет од народот – промена на името.

Случајот Талир е директен доказ дека СЈО и Кацарска судството се само неми извршители на наредбите на Заев и СДСМ кои имаат за цел да ја зацрнат и уништат државата.

Кацарска судството е под целосна контрола на власта и се користи за политички притисок против опозиционото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Замрзнувањето на партискиот имот како и прогонот на десетици илјади членови на партијата е показател дека власта не сака опозиција, дека власта не сака некој да се спротивставува на нејзините антидржавни политики и и пречи секој елемент со државотворна македонска определба на политичката сцена.

Притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ е одраз на стравот на СДСМ, кои соочени со огромното незадоволство на граѓаните гледаат како очајно гледајќи дека им тоне рејтингот, целта е да се осуети опозицијата и нејзиното делување како за уставните измени, така и во пресрет на претстојните претседателските избори. ВМРО-ДПМНЕ ниту промена на име ќе прифати ниту било што друго за што ќе оцени дека е штетно за граѓаните на Република Македонија.

Почитувани,

Притисоците и заканите кои ги спроведува СДСМ преку СЈО, Кацарска судството и Русковска обвинителството ќе доведе до преиспитување на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за нашето понатамошно институционално делување.

Заев тргни ги рацете од народот, не можеш да ја спречиш волјата на народот.

Треба да знаете
Последни објави