Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, преку својот профил на „Твитер“ го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието. Тој напиша дека со изгласувањето на земјата ѝ се отвора патот кон членството во ЕУ и НАТО.
Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија повторно се покажал како одлучувачки фактор, а гласањето на преспанскиот договор претставува потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ.