Десетгодишно девојче, покрај чие тело е пронајдена порака во која напишала дека се убила за да нејзината мајка „стане најсреќен човек на светот“, се обесила во Мексико на 6 јануари, на празникот Света Три Мудрец, кога членовите на семејството, според обичаите, си разменуваат подароци.
– Драги Три мудреци, единствено што барам од вас е мојата мајка да стане најсреќната жена во светот кога нема да ме има повеќе, бидејќи од моментот кога се родив само и создавам болка и ѝ го уништувам животот, зашто татко ми поради тоа не остави, напишало девојчето.
Таа ја моли мајка си да биде смирена, да не работи многу, а најубавото што може да и го посака е да биде среќна.
-Се надевам дека еден ден ќе се сети на мене и дека конечно ќе ме прегрнеш кога ќе дојдеш на небото. Мислам дека најмногу ќе се израдуваш ако се убијам, затоа што секогаш ми говореше дека посакуваш никогаш да не си ме родила. Толку те сакам, мамо, знам дека Светите Три мудреци не постојат, но ти давам овој голем подаро, напишало девојчето.