Aмба Бохара од Непал почина откако семејството ја избрка од дома затоа што имаше менструација. Несреќната жена е пронајдена мртва во ладна колиба со нејзините две деца.
Телата беа пронајдени еднододруго, а децата имаа само седум и девет години. Причината за смртта е најверојатно задушување, бидејќи жената запалила оган за да се згреат таа и децата во ледената колиба, каде што требаше да престојуваат до крајот на нејзината менструација.
Телата беа пронајдени откако нејзината снаа забележала густ чад што излегува од колибата. Сопругот на починатата жена рече дека неговото срце е скршено и дека не знае како ќе продолжи без својата сопруга и синови.
Не е познато зошто покрај несреќната жена куќата ја напуштиле и децата и отишле во колибата.
Кога имаат менструација, жените во Непал ги бркаат од семејните домови. Тоа е хиндуистичка традиција која се базира на тврдењето дека жената е нечиста за време на менструацијата. Полицијата во Непал ги испитува околностите на овој случај.