Менувањето на ставови носи прогрес, затоа го сменив мислењето, изјави премиерот Зоран Заев во Собранието.
„ВМРО-ДПМНЕ знае дека не можеше да биде постинат подобар договор и дека без Грција нема НАТО и ЕУ. Имавте храброст да се вклучите во овој процес“, порача Заев до Елизабета Канческа Милевска.
Додаде дека предлогот на независната пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ, односно едно решение за внатрешна и едно за надворешна употреба, носи нови проблеми.
„Ако имавме споено име можеби ќе постигневме друго решение. Законикот и Уставот се подобрени, а вие се боревте за да се сочува тоа што е важно, а тоа е државјанство – македонско“, додаде Заев.