Апелацискиот суд Скопје не ги прифати жалбите на обвинетите Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанчо Ангеловски-Ќосето и на Оливер Поповски, кои од Kривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 не добија амнестија за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.
Тие се жалеа на одлуката на Кривичниот суд кој не ги амнестираше според Законот за амнестија донесен на крајот од минатата година.
Апелациониот суд не одлучи за жалбата на Горан Ѓошевски-Леви, бидејќи место името на Ѓошевски, Кривичниот совет го напишал името на обвинетиот Абдулфета Алими кој не доби амнестија и ќе мора да дојде на судењето в понеделник.
Во понеделник продолжува судењето за нив и за уште десетина обвинети.