Општина Бутел фрли 3 тони сол на сервисните улици
Општината Бутел за оваа зимска сезона набави соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на општината.
Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски соларката е со капацитет од 400 л. која е монтирана на едно од двете мини камиончиња. Со набавената механизација е направена добра инвестиција и се надева дека и следната година општината ќе има можност да набави уште едно возило и соларка со цел да се задоволат потребите на граѓаните во Општина Бутел.
Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски на улиците во Бутел во изминатите 3 до 4 денови редовно се чисти и фрлени се околу 3 тони сол и 3 тони песок.
Градоначалникот Смилевски додаде дека соларката, плугот и багерот се во вредност од околу 4 милиони 182 илјади ден. а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.