Ја информираме јавноста дека со заедничко учество успеавме да постигнеме договор за конечноста на уставните амандмани и уставниот законик со што се обезбедува најмалку 2/3 мнозинство во Парламентот.
Добивме максимално можно добар текст на уставните амандмани и уставниот законик за спроведување на договорот од Преспа со што уште еднаш се потврдува македонскиот идентитет, внатрешната примена на договорот и стапување на сила на уставните амандмани.
Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓани на Република Северна Македонија, стои во заедничкото соопштение на Владата и новата пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.