Енди Мареј утрово ја шокираше јавноста кога на емотивна прес конференција најави дека Австралија Опен веројатно ќе биде неговиот последен турнир во кариерата.
Мари кој е освојувач на три Грен слем турнири и е поранешен тенисер број еден во светот истакна дека не може да ги надмине проблемите со повредата на колкот и дека големото натпреварување што претстои во Австралија е негов последен турнир.
Со порака на социјална мрежа прв се јави Рафаел Надал кој интересно, никогаш не се сретнал со Мари во големите финалиња на грен слем турнирите.
– Не си свесен колку ќе ни фалиш. Ти си пример на неверојатен спортист и голем човек – напиша Надал.
Енди Мареј беше првиот Британски шампион на Вимблдон кога во 2013 година го порази Новак Ѓоковиќ во финалето на најпрестижниот тениски турнир.