По улици на Чешка се појавија стотици боилборди со портрети на луѓе нивни имиња и порака – „Срам ми е од премиерот”. Тоа е иницијатива на локален рекламен агент со цел критики за премиерот Андреј Бабиш кој е вмешан во спорни афери.
Бабиш е вториот најбогат човек во таа држава и е обвинуван за присвојување европски фондови во периодот 2007-2008 година. Критичарите сметаа дека постои конфликт на интереси и му забележуваат дека бил соработник на комунистичките тајни служби пред 1989 година.
– Срам ни е од премиерот и тоа е толку голем срам што бара реакција, изјави Јарослав Полачек сопстевник на рекламната агенција.
Секој што го критикува Бабиш може да биде фотографиран и неговата фотографија да се појави на голем билборд за надомест од 175 евра. Полачек долго време беше шеф на предизборни кампањи на десничарите од ТОП 09 кои се големи критичари на Бабиш.