Продолжува дебатата на релација премиер-претседател на држава,откако Илир Мета не ја потпиша уредбата по предлогот на премиерот Еди Рама, Косовецот Гент Цакај да биде нов министер за Европа и надворешни работи.
-Денес, во важни моменти за нашите регионални предизвици, Министерство за Европа и надворешни работи на Албанја не може да се претвори во автошкола, каде големиот мајстор(Рама) бара да го научи „генијалецот”(Цакај),како да ги промени границите на целиот Западен Балкан, -напиша Мета на Фејсбук.
Тој оценува дека Социјалистичката партија има извонредни капацитети во областа на надворешната политика и оти Албанија има многу искусни дипломати кои можат да бидат распоредени во насока на албанската надворешна политика „без да поминат од авто школа до менување на границите на цел Западен Балкан”.
-Албанија секогаш ќе биде фактор на мирот и стабилноста во регионот. Албанија ќе има веродостојни лидерски позиции и во претседавањето со ОБСЕ. Албанија на прво место!,напиша Мета.
Реакцијата следува откако Рама,синоќа гостувајќи во телевизиска емисија рече дека Мета е против знаењето и чистотата и уште еднаш обвини дека Цакај е 1000 пати помудар од Мета.