Во далечната 1987 година, на премиерата на филмот „Заседа“, сега 63-годишниот Брус Вилис падна на шармот на седум години помладата колешка Деми Мур, која на црвениот килим пристигна во придружба на тогашниот свршеник, актерот Емилио Естевез. Колку била силна страста, зборува фактот што Естевез веднаш стана минато, а само четири месеци по судбинската средба, Брус Вилис и Деми Мур се венчаа во Лас Вегас.
Набргу двојката го доби своето прво дете – девојчето што го нарекоа Румер, а по неа во 1991 и 1994 година дојдоа и Скаут и Талула.
Со години пред тие официјално да се разделат се претпоставуваше дека не се во најдобри односи, па дури во 1993 година Деми Мур за „Ванити фер“ изјави дека медиумите нема да запрат сè додека еден ден не бидат во право. Летото 1998 година, по речиси 11 години брак, медиумите конечно дојдоа до своето – тие објавија дека секој тргнува по својот пат.
Вистинската причина никогаш не се откри, но се претпоставуваше дека една од нив е густиот распоред на снимање на двајцата актери поради што поминуваат сè помалку време заедно. Некои медиуми известуваа дека Брус Вилис бил толку опседнат со други жени што не можел да издржи во брак и да ѝ биде верен на една жена.
Во 1996 година, во едно интервју за „Плејбој“, Брус Вилис призна дека сè уште не запознал жена што целосно ќе ги задоволи неговите сексуални потреби.
https://www.instagram.com/p/Bmj3kA4l3zL/?utm_source=ig_embed