Прелиминарната истрага за украинските морнари уапсени по инцидент во Кречкиот теснец ќе биде продолжена до 25 мај, изјави извор запознат со истрагата.
Дваесет и четири морнари обвинети се дека нелегално преминале руска граница. Уапсени беа на 25 ноември откако беа запрени три украински воени бродови што поминувале преку Керчкиот теснец од Црното Море кон Азовското Море.