Канцеларијата на финансиското обвинителство во Франција побара поранешниот премиер Франсоа Фијон и неговата сопруга да бидат судени пораи обвиненија за корупција.
Кандидатурата на Фијон за претседател во 2017 година пропадна поради обвинувања дека за сопругата Пенелопа и двете деца тој обезбедил долгогодишно практично непостоечки работни места во Парламентот во вредност повисока од милион евра.
Извор од таа канцеларија за француски медиуми потврди дека е испратено барање за судење на Фијон и неговата сопруга.
Фијон (64) негира обвинувања оценувајќи ги како клеветничка кампања. Во 2017 година против него и неговата сопруга е подигнато прелиминарно обвинение кое содржи и обвинувања за злоупотреба на јавни средства.