Синоќа околу 4 часот и 30 минути на излез од Струмица кон село Дабиле се случила сообраќајна несреќа.
Како што соопштија од полицијата патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од 21-годишниот Ф.С. од село Радово-струмичко, излетало од патот. На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години исто така од село Радово-струмичко, додека возачот и другата сопатничка 20-годишната Н.С. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.