Експлозија на танкер за нафта во Нигерија, најмалку 12 загинати

Најмалку 12 луѓе загинаа во експлозија на превртен танкер за нафта во Нигерија, соопшти полицијата.

Повредени се најмалку 22 лица и пренесени во болница со тешки изгореници.

Експлозијата се случила во момент кога десетици луѓе се собрале околу превртениот брод да исчистат нафта.

Локални медиуми јавуваат за најмалку 60 загинати.

– Полицијата извади само неколку тела, многумина се изгорени, изјави еден од сведоците. Според него, речиси и невозможно е некој да ја преживеал експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави