МВР информира дека вчера околу 21 часот на улицата Димитрие Чуповски во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.
Лицето веднаш по нападот било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички го нападнало полицискиот службеник, посочуваат од полицијата.
Двете лица по нападот биле приведени во полициската станица во Центар, каде било утврдено дека станува збор за 35-годишните Д.М. и Ж.М. од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.