Откриена вистинската причина зашто пропадна бракот на Брус Вилис и Деми Мур

Во далечната 1987 година, на премиерата на филмот „Заседа“, сега 63-годишниот Брус Вилис падна на шармот на седум години помладата колешка Деми Мур, која на црвениот килим пристигна во придружба на тогашниот свршеник, актерот Емилио Естевез. Колку била силна страста, зборува фактот што Естевез веднаш стана минато, а само четири месеци по судбинската средба, Брус Вилис и Деми Мур се венчаа во Лас Вегас.

Набргу двојката го доби своето прво дете – девојчето што го нарекоа Румер, а по неа во 1991 и 1994 година дојдоа и Скаут и Талула.

Со години пред тие официјално да се разделат се претпоставуваше дека не се во најдобри односи, па дури во 1993 година Деми Мур за „Ванити фер“ изјави дека медиумите нема да запрат сè додека еден ден не бидат во право. Летото 1998 година, по речиси 11 години брак, медиумите конечно дојдоа до своето – тие објавија дека секој тргнува по својот пат.

Вистинската причина никогаш не се откри, но се претпоставуваше дека една од нив е густиот распоред на снимање на двајцата актери поради што поминуваат сè помалку време заедно. Некои медиуми известуваа дека Брус Вилис бил толку опседнат со други жени што не можел да издржи во брак и да ѝ биде верен на една жена.

Во 1996 година, во едно интервју за „Плејбој“, Брус Вилис призна дека сè уште не запознал жена што целосно ќе ги задоволи неговите сексуални потреби.

https://www.instagram.com/p/Bmj3kA4l3zL/?utm_source=ig_embed

Тие во брак поминаа 13 години, па дури и по разводот останаа блиски пријатели делејќи го старателството над своите ќерки. Колку беа блиски зборува фактот кога Деми Мур се омажи со Ештон Качер, Вилис знаеше со нив семејно да излезе, а исто така ја поддржува и нејзината нова врска со српската стилистка.
Во меѓувреме Брус Вилис се ожени со актерката и модел Ема Хеминг, со која има две ќерки – Мејбл (2012) и Евелин (2014), и сите негови ќерки, и покрај разликата во годините, се исклучително поврзани.
Треба да знаете
Последни објави