ОН и предложи на Венецуела помош во храна и здравство бидејќи државата е сериозно погодена од најтешка економска криза во историјата.
– Со акции на ОН може да се најдат дополнителни средства од помош на Светската организаиција која изразува подготвеност да и помогне на државата, изјави Петер Громан, координатор на ОН во Венецуела. Тој имаше средба со претседателот Николас Мадуро.
Во одговор, Мадуро побара поддршка на целиот систем за прехрана нагласувајќи дека тоа е проблем со кој Венецуела се соочува во изминатите три години.
Социјалистичката Влада во Венецуела негира постоење хуманитарна криза и ги обвинува САД за економската криза.