Словачка ја поздрави промената на името и изрази верување дека и грчкиот парламент ќе го ратификува преспанскиот договор, пренесе словачката агенција ТАСР.
Словачкото Министерство за надворешни работи и европски прашања го честиташе усвојувањето на измените кои се однесуваат на преименување на земјата во Република Северна Македонија.
„Одлуката на македонското Собрание ќе има позитивно влијание на билатералните односи и ќе донесе корист во целиот регион во југоисточна Европа“, соопшти словачкото министерство, пренесе ТАСР.
Словачка порача дека ја почитува политичката зрелост на Скопје и силниот интерес на земјата да ја искористи можноста за решавањето на 27-годишниот спор за името, се наведува во соопштението.
Министерството заклучува дека решението го отворило патот на Скопје да го забрза процесот во приклучувањето на Северноатлантската алијанса.
Словачка верува дека и грчкиот парламент ќе го ратификува преспанскиот договор, инаку договорот не би бил валиден, наведе словачката агенција.