Вкупно 24 лица загинаа во нередите на протестите во Судан кои траат неколку недели, соопштија суданските власти.
На протестите се приведени и неколку стотици луѓе.
Меѓународната организација „Амнести интернешнал“ соопшти дека настрадале најмалку 40 лица, додека ОН повикаа на независна истрага за околностите за смртта на демонстрантите.
Протестите против зголемувањето на цените на лебот започнаа на 19 декември во Судан, а потоа се претворија во антивладини протести.