Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи упати порака до сосeдните земји Косово и Србија, повикувајќи ги да го следат примерот на Македонија и Грција.
„Успехот на Македонија и Грција да ги затворат отворените прашања, успехот на Преспанскиот договор, претставува поттик, претставува пример и за останатите земји од Западниот Балкан за тоа како се градат добри односи со соседите, како преку компромиси, преку разговори и позитивен пристап се затвораат отворените прашања“, нагласи Османи, и ги повика Белград и Приштина да го следат примерот на Македонија и Грција, да ги отворат и прошират своите политички видици, и да создадат можност за политички компромис, за кој посочи дека ќе претставува успех и за целиот регион.