Спасувачката операција во Пирин заврши успешно. Петмината скијачи и сноубордери, кои скијале надвор од назначени локации и при тоа паднале во провалија, се спасени, соопшти БГНЕС од Планинската спасувачка служба.
Операцијата за спасување се одвиваше вечерва во Пирин во Дамјанишката долина.
Како што претходно јави МИА, сигналот за помош бил доставен до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 20.00 часот вечерва десет спасители ја извршуваа акцијата за спасување на луѓето во планината.
Сите пет македонски државјани се во добра состојба.