Марионетата Зоран Заев со бришење на се што е македонско ја фрли Македонија на колена наспроти референдумската народна воља против бришење на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, вели партијата „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев, преку соопштение.
„Измеќарот Заев сака во НАТО за да ја уништи традиционална Македонија со либералните вредности на НАТО кои наскоро ќе ги воведе како што се хомосексуализам, истополови бракови, посвојување на деца од истополови бракови, дрогирана младина… Цел свет знае дека марионетската власт на Заев е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите и затоа единствено решение се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
Партијата подржува нови парламентарни избори. Тие велат дека бараат избори без оглед на последните дискриминаторски измени на Изборниот законик, со кои, за време на избори партиите во медиумите добиваат девет минути кампања на секој час емитувана програма финансирана од буџетот од кои четири минути за власта СДСМ, четири минути за опозицијата во парламентот ВМРО-ДПМНЕ и само една минута за сите останати партии.