Во следните 12 месеци Зимбабве ќе воведе нова валута. Тоа го изјави министерот за финансии Мтули Нкубе откако недостиг на американски долари причини хаос во финансискиот систем предизвикувајќи затворање на фирми и закани за протести.
Зимбабве се откажа од својата парична единица во 2009 година поради хиперинфлација и ги прифати американскиот долар и други валути вклучително и фунтата и јужноафриканскиот ранд.
Во 2008 година инфлацијата беше 500 милијарди проценти, највисоко ниво во светот за држава што не е во војна. Во 2016 година беше воведена заменска валута со цел да биде запрен недостигот од долари, но нејзината вредност исто така беше уништена.
Претседатлот Емерсон Мнангагва е под притисок за оживување на економијата, но недостигот од долари ги поткопува напорите за привлекување странски инвеститори. Според централната банка, има помалку од 400 милиони долари во оптек. Во државата има недостиг од гориво, а компаниите се присилени да купуваат долари „на црно” со вредност повисока од 370 отсто од нормалната.