САД ја поздравија одлуката на македонското Собрание за изгласувањето на уставните измени, за прифаќање на договорот со Грција за промена на името на државата како и поддршка на влезот на Македонија во НАТО и Европската унија.
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео ги пофали пратеници кои гласаа за уставни измени и со тоа ставија крај на спор со Грција, која досега ја блокираше евроатлантската интеграција на Македонија, објавија тамошните медиуми.
Одлуката на македонскиот Парламент е историска можност за остварување на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, посочи Помпео.
„Македонските лидери покажаа храброст и истрајност во обидот да го решат спорот околу името со Грција и тоа ќе овозможи Македонија да заземе место во НАТО и ЕУ, под името Република Северна Македонија“, изјави Помпео.