Приштина нема да може да направи ниту еден чекор понатаму кон Европската унија (ЕУ), ако не ги укине таксите на производи за Србија и Босна и Херцеговина, изјавил за „Новости“ извор од Европската комисија.
Европската интеграција се заснова на регионална соработка, добрососедски односи и помирување. Сите три начела се загрозени со одлуката на косовските власти,
вели изворото за весникот.
Во кабинетот на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, според „Новости“, засега се уште не е одреден датумот за следниот состанок на претставниците на Белград и Приштина, а средба не е предвидена ни за оваа, нути пак за следната недела. Меѓутоа, како што додаваат тамошните медиуми до промена на ваквата ситуација може да дојде во секое време, и како што велат од Брисел, тоа зависи исклучиво од двете страни што го водат дијалогот.