Претераното користење на социјалните мрежи делува како дрога

Последните истражувања покажуваат дека  оние кои стануваат зависни од социјалните мрежи често носат погрешни одлуки, слично како оние кои се зависни од алкохол или дрога.

Истражувањето покажува дека оние кои претерано користат платформи како Facebook и Twitter за својот живот одлучуваат слично како да се под влијание на алкохол или дрога. Научниците истакнуваат дека една третина од човештвото користи социјални мрежи, што го прави проблемот прилично сериозен.

Учесниците во експериментот во првиот дел од испитувањето пополниле анкета чија цел било да се утврди до кој степен се зависни од социјалните мрежи, односно колку тие влијаат на начинот на кој ја вршат работата, односно училишните активности. Во вториот дел од експериментот психолозите утврдиле колку некоја навика влијае на процесот на носење одлуки. Во текот на испитувањето е утврдено дека најлоши резултати постигнале оние кои најмногу ги користат социјалните мрежи, слично како зависниците од дрога.

Целиот живот се заснова на процес на носење одлуки, а утврдено е дека они кои се зависници од алкохол или дрога не учат од грешките, односно продолжуваат да се однесуваат по негативен образец. По ова истражување донесен е заклучок дека иако социјалните мрежи имаат многу предности, сепак имаат и мрачна страна и можат негативно да влијаат доколку некој не ги користи правилно.

Треба да знаете
Последни објави